top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кој колку заработил?: Џенифер Анистон е најбогата од „Пријатели“

16.04.2021 April Petok

Неодамна екипата на една од најпопуларните ТВ-серии од крајот на минатиот век и почетокот на овој – „Пријатели“ повторно се собра за да ја сними специјалната епизода насловена „Обединување“. Новата епизода ги обедини актерите Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет ЛеБланк, Метју Пери, Дејвид Швимер и Лиза Кудроу во прв заеднички проект откако заврши снимањето на серијата во 2004 година.

Повторната средба на актерите го постави прашањето кој од ТВ-пријателите досега најмногу заработил од серијата која беше планетарно позната.

Како што се знае, хумористичната ТВ-серија се прикажуваше 10 сезони и заврши пред 17 години, а денес нема човек на ова поднебје кој не ги знае ликовите на Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и женкарот Џои.

Во првата сезона, тие земале хонорар од 22.000 долари за една епизода, но веќе за втората, барале и настојувале на 100.000 долари во просек, за на крајот да стигнат и до милион долари по епизода. Освен тоа, серијата сѐ уште заработува од репризирањето, па глумците имаат право на по два насто и од тој колач.

Така, според ранг-листата, Мет (Џои) е шести со заработени 80 милиони долари од серијата. Над него е Лиза (Фиби), со 90 милиони, а четврти е Дејвид (Рос) – 100 милиони долари. Второто место го делат Кортни и Метју (Моника и Чендлер), со по 120 милиони долари.

На врвот е, можеби и најпознатата, или барем најзастапената во американскиот и светскиот печат изминативе скоро цели три десетлетија – Џенифер Анистон. Таа само од „Пријатели“ заработила 300 милиони долари, што, според многумина, беше нејзината „отскочна даска“ за понатамошната филмска кариера.

Инаку, новата специјална епизода на „Пријатели“ сѐ уште нема официјален датум на прикажување.


2 views

Comments


bottom of page