top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кој друг ако не Мадона:Поп иконата го одбележа Месецот на гордоста со страстен бакнеж со жена на сце

Кој друг ако не Мадона:Поп иконата го одбележа Месецот на гордоста со страстен бакнеж со жена на сцената/ВИДЕОПоп иконата Мадона повторно го привлече вниманието на светската јавност со своето однесување, а овој пат како повод го искористи Месецот на гордоста на ЛГБТ.

Месецот на гордоста се одржува во Соединетите држави во спомен на востанијата на Стоунвол што се случија кон крајот на јуни 1969 година. Овој месец се слават многу настани за да се препознае влијанието на ЛГБТ луѓето врз светот.

Мадона тоа очигледно го сфатила сериозно, што го покажала со концертот во Њујорк, каде еден од настапите го завршила со бакнежи со 26-годишниата раперка Токиша од Доминиканската Република.

Мадона и Токиша го изведоа својот хит „Hung Up“ од 2005 година, кој го зачинија со „дива“ и прилично перверзна танцова кореографија. Во моментите кога раперката клекнала пред 63-годишната Мадона, пејачката изјавила: „Тешка задача, но некој мора да ја направи“, алудирајќи на орален секс, по што си размениле жешки бакнежи.

https://twitter.com/branniganlynch/status/1540186082242871296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540186082242871296%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cdm.me%2Fzabava%2Fshowbiz%2Fmadona-podivljala-na-pozornici-vatrenim-poljupcima-sa-zenom-obiljezila-mjesec-ponosa%2F

Токиша е музичарка која, според музичкото списание Ролинг Стоун, е симбол на „сексуалната слобода, квир на желбите и радикалниот феминизам“.



1 view

Comments


bottom of page