top of page

Кошаркарките ќе играат во четвртфиналето на ЕП во Скопје

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години обезбеди место во четвртфиналето на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.

Нашиот национален тим оваа вечер славеше над Романија со 55-53, а тоа значеше дека ако Црна Гора го оправда фаворитискиот статус и слави над Хрватска ние ќе дојдеме до билет за осумте најдобри на шампионатот.

Црногорките ја збришаа Хрватска со 80-49, резултат кој Македонија ја одведе на мегдан со Словенија во нокаут фазата.


 
 
 

Comments


bottom of page