top of page

Кошаркар на Минесота се посрамоти со шут за продолжение (Видео)

Минесота ги разочара своите фанови со пораз на дуелот со сезонава слабиот Портланд, а дури и коментаторите беа зачудени од последниот обид за поентирање на средбата.

Кајл Андерсон беше во позиција да шутира за три поени и победа на Минесота, но наместо тоа реши да влезе во рекетот и да се обиде да извлече продолжение.

Но, неговото полагање заврши катастрофално, па ги збуни и коментаторите кои помислија дека судиите досудиле лична грешка.

Наместо тоа, топката заврши кај Портланд и тоа значеше победа за гостите.


 
 
 

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page