Кошарка на ОИ: Американските ѕвезди фаворити за злато, но високи амбиции имаат – сите!
26.07.2024 juli Petok
Дојде време за еден од највозбудливите турнири, веројатно и колективен турнир кој ќе биде најследен на Олимписките игри - кошаркарскиот. Златниот медал повторно го брани репрезентацијата на Соединетите Американски Држави и пак е прв фаворит за истиот.
Според букмејкерите, но и реалноста Американците се апсолутен фаворит со својот „дрим-тим“ искусни ѕвезди од НБА лигата. ФИБА на својот последен „Power ranking“, втор фаворит за најсјајното одличје е светскиот првак Германија. Моќта на колективот се покажа како клучна на последниот Мундобаскет во кој Германците ја покорија конкуренцијата и изненадувачки го кренаа трофејот. Како трет фаворит во моментов според ФИБА е Србија предводена од Никола Јокиќ. Следи одличната Канада која освен Шеј Гилџус-Александер на Игрите во Париз ќе го има и Џамал Мареј.
Петти фаворит е Австралија, а пад има домаќинот Франција и тоа од дури три позиции. Секако, домашната селекција не смее да се отфрли од комбинацијата за медал бидејќи освен публиката има сериозно добар тим. На последниот „Power ranking“ седма е Шпанија, а следат Грција, Јужен Судан, Бразил, Јапонија и Порторико.
Групи за кошаркарскиот турнир на ОИ:
Група А: Грција, Канада, Шпанија, АвстралијаГрупа Б: Франција, Јапонија, Бразил, ГерманијаГрупа Ц: САД, Србија, Јужен Судан, Порторико
На овој турнир од трите групи понатаму сигурно во четвртфинале одат првопласираните две селекции. Покрај тоа, во нокаут рундата одат и две од трите најдобри третопласирани репрезентации.
Што се однесува до ѕвездите на овој турнир, нема сомнеж дека најмногу ги има во таборот на САД. Дефинитивно прва ѕвезда е Леброн Џејмс, а друштво му прават Тејтум, Кари, Дејвис, Дурант, Ембид... Кога се зборува за останатите селекции Французите ги имаат Вембањама, Гобер, Де Коло, Шпанците искусните Фернандез и Љуљ, Канаѓаните Мареј и Гилџус-Александер, најголема словенечка ѕвезда е Дончиќ, кај Грците е Адетокумбо...
Дефинитивно нè очекува интересен турнир и голема борба за медалите на турнирот во Париз.
Comments