top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Костадиновска-Стојчевска од Тирана: Гостувањето на Битолскиот театар е патоказ за зближување на култ

Костадиновска-Стојчевска од Тирана: Гостувањето на Битолскиот театар е патоказ за зближување на културите на двете земјиСо силен аплауз и повеќеминутни овации беше поздравена изведбата на претставата на Битолскиот театар, „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, вчеравечер на сцената на Народниот театар во Тирана, Албанија, информираат од Министерството за култура.

Претставата ја проследија министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити. Ова е прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија по повеќе од 30 години, овојпат реализирано со поддршка од Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана и директорот Златко Ориѓански.

– Ова триумфално гостување на ансамблот на Битолскиот театар во Тирана е значаен настан за соработката во сферата на театарот и на културата меѓу двете земји. Македонскиот јазик со актуелен театарски израз прозвучи пред преполниот салон на главната театарска сцена во соседна Албанија, а нашата продукција беше пречекана со искрени емоции, со комплименти и големо пријателство. Сета атмосфера на отвореност и свеченост за нас претставува потврда за квалитетот на екипата од „Артуро Уи“, но е и патоказ кон идните можни начини за соработка во културата. Овој настан ни ги покажува бескрајните можности што се пред нас во насока на зближување и запознавање на културите меѓу двата народа и за креирањето побогата културна слика на овој дел од Балканот, рече министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.

Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург е Билјана Крајчевска, сценограф е Валентин Светозарев, а композитор е Тимор Доми.

Честитките и аплаузот отидоа кај актерите: Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска-Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

Костимограф на оваа и на многу други претстави на Битолскиот театар, автор со европска кариера, е Благој Мицевски. Дел од неговите креации се изложени во македонскиот КИЦ во Тирана како дел од овој театарски настан во Албанија.



0 views

Comentários


bottom of page