top of page
Search

Костадинов направи трансфер по одличните изданија во репрезентацијата: Голем чекор напред во кариера

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

ихомир Костадинов стана редовен член на македонската фудбалска репрезентација, а добрите настапи му овозможија шанса за трансфер пред крајот на 2021-ва година.

Играчот за врска четири години го носеше дресот на Ружомберок, но во ситуација кога се наоѓа пред раскрсница во својата кариера на 25-годишна возраст, се одлучи за нов предизвик.

Популарниот Тихо ја продолжува кариерата во полската фудбалска лига, или поточно во редовите на Пјаст Гиблице, клуб кој денеска ја потврди последната аквизиција.

– Ова беше лесна одлука за мене, доаѓањето тука е чекор напред во кариерата. Пјаст е голем клуб во првата фудбалска лига во Полска, станува збор за силно натпреварување. Со нетрпение го чекам првиот тренинг и големиот предизвик.

– Навистина сум почестен што добив шанса да играм тука. Се приклучувам на тим кој не толку одамна беше шампион на Полска. Сакам да постигнувам голови и да придонесам за успеси на тимот, – изјави Костадинов.


 
 

Comentarios


bottom of page