top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кортни Кокс и Нив Кембел се враќаат во новото продолжение на „Вресок“

Исконскиот хорор-серијал „Вресок“ го доби својот петти дел, кој ќе се вика исто како и филмот откога сѐ започна, „Вресок“. Она што ќе ги направи среќни обожавателите за овој дел од сагата е тоа што повторно ќе ги гледаат Нив Кембел како Сидни Прескот, Кортни Кокс како Гејл Ведерс и Дејвид Аркет како Двајт Дуји Рајли.

Но бидејќи поминаа 25 години од бруталните убиства во малиот град Вудсборо, прикажани во првиот дел, ќе видиме и некои нови лица. Тинејџерите што се цел на новиот сериски убиец, облечен во препознатлив костим на Гоустфејс, ги играат Мелиса Берера, Кајл Галнер, Џек Квејд, Марли Шелтон, Џена Ортега, Џазмин Савој Браун, Мејсон Гудинг и Мајки Медисон.

Трејлерот започнува со телефонски повик од непознат број. Кога девојката што е сама во куќата одговара на телефонот, глас од другата страна на линијата ѝ вели: „Сакаш ли да ја започнеме играта?“. Секако, по ова следуваат морничавите сцени карактеристични за овој хорор-серијал.

Вес Крејвен, режисерот на првите четири дела на „Вресок“, почина во 2015 година, поради што режисери на петтиот дел се Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Гилет. Премиерата на филмот е закажана за 14 јануари 2022 година.


0 views

Comments


bottom of page