Search
Корејките станаа светски шампиони во Скопје
Македонија и РФМ беа успешни организатори на Светското ракометно првенство за кадетки, а нов светски шампион стана репрезентацијата на Јужна Кореја. Во денешното финале во Скопје, Корејките го изненадија фаворитот Данска и славеа со 31:28, освојувајќи го највисокото место на победничкиот пиедестал. Првото полувреме заврши со нерешени 15:15, но азиската селекција ја презема контролата во вториот дел, на крајот стигнувајќи до златните медали. Минсео Ким со 9 и Хјевон Ли со 7 гола беа најзаслужни за триумфот на Јужна Кореја, додека во составот на Данска, Матиесен Скалјоне постигна дури 10 погодоци. Претходно, во борбата за третото место, Унгарија славеше против Холандија со 27:26. Македонија го заврши СП за кадетки на 12. место.
Comments