top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кореча: Не сум загрижен за Ѓоковиќ, тој штеди енергија за жестокото лето

22.05.2024 Maj Sreda

Новак Ѓоковиќ не може да биде задоволен од досегашниот дел на тениската сезона и многумина се изненадени од падот во неговата игра, но допрва доаѓаат важни турнири на кои светскиот рекет број еден ќе има шанса да блесне во препознатливиот сјај.

Шпанската легенда Алекс Кореча смета дека Ѓоковиќ не е во криза, туку едноставно ја штеди својата „батерија“ за напорниот летен распоред и неколку важни турнири во овој период.

– Мене ми изгледа дека Новак штеди енергија за летните турнири како Ролан Гарос, Вимблдон, Олимписките игри и Ју-Ес Опен.

– Мислам дека е свесен за тоа каков тежок распоред ги очекува тенисерите и во моментов го адаптира своето тело, се подготвува психолошки за тоа што следува.

– Дефинитивно му е потребна добра недела (во Женева), за да го врати ритамот и да победува и на мечевите каде и не се чувствува најкомотно. Тоа ќе му ја врати и самодовербата. Сметам на Новак како сериозен кандидат за титулата во Париз, тој ќе го брани трофејот, знае како се игра на „Филип Шатрие“ и не сум загрижен за него.

– Веројатно проблем за него е малиот број мечеви на земја одиграни сезонава, но како ќе го враќа чувството за позиционирање и самодовербата, така ќе биде поподготвен за одбрана на титулата, – рекол Шпанецот кој два пати стигна до финалето на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ реши да настапува на турнирот во Женева како подготовка за Ролан Гарос, а денеска ќе се соочи со Германецот Ханфман.


0 views

Comments


bottom of page