Кореча: Надал не е луд, знае дека Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата
Поранешниот светски рекет број два и воедно најдобар шпански тенисер, Алекс Кореча смета дека неговиот сонардоник е свесен дека Новак Ѓоковиќ ќе биде играчот со најмногу освоени пехари на најголемата тениска сцена.
Надал заедно со Ѓоковиќ и Рожер Федерер се на делба на првата позиција со 20 грен слем триумфи, меѓутоа Србинот во изминативе години е далеку поконстантен од ривалите, вешто ги избегнува повредите, плус воедно е помлад од Швајцарецот и Шпанецот.
-Рафа е интелигентен, тој е свесен за реалноста, тој секогаш стоел цврсто на земја. Тој знае дека Роџер во еден момент беше најдобар во историјата. Кога се изедначи со него, почувствува дека заслужува такво признание. Но, тој не е луд, јасно му е дека Новак е таму, дека е помлад, дека има повеќе шанси за победа на различни подлоги, што го прави уште поопасен и му дава најголеми шанси да стане најдобар во историјата.
-Рафа прифаќа дека некој друг ќе ги подобри рекордите, но сфаќа дека не треба да се натпреварува со Новак и Рожер, туку и со себе. Тоа е она што ги издвои тројцата, сакајќи да станат најдобра верзија од себе, тие се натпреваруваа меѓу себе, -рече Кореча кој продолжи да говори за Надал.
-Рафа е доволно паметен да знае дека треба да се опорави, за да биде во најдобра форма и да се обиде да освои уште една или две грен слем титули. Тој веќе има 35 години, неговата кариера е при крај. Не сака да губи време размислувајќи за другите. Рече дека Новак ќе биде најдобар и мислам дека тоа го симна товарот од него. Тој веќе го достигна врвот. Нема да го судиме него и Рожер по тоа дали ќе освои уште еден слем. Рафа Надал е легенда и така ќе остане, -заврши Алекс.
Comments