Кореча го посочи главниот фаворит за пехарот на Ролан Гарос
Пред нас е вториот грен слем Ролан Гарос кој се одржува во Париз, турнир кој секогаш е интересен, носи драма, неизвеснот, исцрпувачки борби, па така се очекува да биде во периодот кој следи од 22 мај до 5 јуни.
Со оглед на сегашната ситуација прашање е дали има јасен фаворит за пехарот на Френч Опен, но според Алекс Кореча ако мора да се одбере некој тоа е Новак Ѓоковиќ.
-Ако се погледне АТП листата и моменталната форма, Новак Ѓоковиќ е прв фаворит во Париз. Тој е во одлична позиција, но не знам дали можам да го наречам апсолутен фаворит. Зависи и од состојбата во која ќе биде Надал.
-Надал секогаш е кандидат за пехарот. Во Париз победи 13 пати. Мислам дека Алкараз е малку под нив, бидејќи се уште не знаеме како може да се носи со играњето две недели и во трите добиени сета, -порача Кореча кој двапати играше финале на овој грен слем во 1998 и 2001 година.
Comments