top of page

Копија на Мона Лиза на аукција

Светот е сцена

Копија од познатото дело на Леонардо да Винчи, „Мона Лиза“, насликана околу 1600 година на дабова штица и исклучително добро зачувана, ќе биде ставена на аукција на 9 ноември во Париз, објави аукциската куќа „Аркирал“. Копијата ги има истата суптилност на цртите на лицето и истата енигматска насмевка и контури со техниката сфумато, која ја популаризира Да Винчи. – Не е невообичаено да се види копија од Мона Лиза, но оваа е во одлична состојба, а пред сѐ затоа што е насликана на дабова штица, додека другите се на платно – изјавија од аукциската куќа, додавајќи дека авторот е непознат. Оригиналната „Мона Лиза“, или Џоконда, насликана на почетокот на 16 век, се чува во музејот „Лувр“ во Париз.


 
 
 

Comments


bottom of page