Копија на „Мислителот“ на Роден продадена за 10,7 милиони евра
Копија на скулптурата „Мислителот“ на Огист Роден, едно од најпознатите уметнички дела на светот, е продадена за 10,7 милиони евра, на аукција во Париз.
Аукциската куќа „Кристи“ овој примерок, со големина на оригиналниот модел, кој е еден од исклучителните примероци на „Мислителот“ меѓу 40 автентични, го процени меѓу 9 и 14 милиони евра, пренесе „Ројтерс“.
Инаку, рекорд за копија на ова дело на Роден, од 15,3 милиони долари, е поставен на аукцијата во Њујорк во 2013 година.
Роден го осмислил „Мислителот“ во 1880 година, во оригинална големина од околу 70 сантиметри, и го нарекол „Поет“. Тој бил направен како крунски елемент на „Вратата на пеколот“, уште едно големо дело на францускиот вајар.
Според некои наводи, скулптурата на почетокот го претставувала Данте Алигиери, средновековен италијански поет и автор на делото „Божествена комедија“, кој се наведнува напред за да ги набљудува круговите на пеколот, додека медитира за своето дело.
Во времето кога бил дел од величествената „Врата на пеколот“, „Мислителот“ бил и поединечно изложен во 1988 година и така станал самостојно дело.
Статуата првпат е зголемена во 1904 година, а монументалната верзија во човечка големина изложена во Музејот на Роден во Париз стана најпопуларна во светот.
Comments