top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концрет полн со емоции на „Ил Диво“ во чест на Карлос Марин во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје

Час и половина бегство од реаланоста ни приредија вчеравечер четворицата оперски пејачи, кои ја сочинуваат планетарно популарната група „Ил Диво“ ( IL Divo), кои првпат се претставија пред скопската публика во СРЦ „Борис Трајковски“.

Тие постојат веќе 18 години, имаат издадедно десетина албуми продадени во над 30 милиони примероци. Создадени се според идеја на познатиот музички и телевизиски продуцент Сајмон Кауел, и зад нив се бројни анстапи низ целиот свет.

Скопскиот концерт, што го организираше „Прагма продукција“ се одржа едне ден по нивниот настап во Белград, а е дел од актуелната светска турнеја на која тие ги пејат своите најголеми хитови, посветена на нивниот член Карлос Марин, кој почина пред една година. На последните настапи на Американецот Дејвид Милер, Французинот Себастијен Изамбар и Швајцарецот Урс Билер им се приклучи новиот член, мексиканско-американскиот баритон Стивен ле Бри.

– Нашиот поранешен член, Карлос Марин , беше сакан од милиони фанови ширум светот. Многу ни недостига, заедно поминавме бројни незбаоравни мигови и затоа оваа турнеја и сите песни му ги посветуваме нему – изјавија членовите на групата.

Тие се потсетија на првите средби, аудиции, на некои тажно, но и смешни мигови од кариерата. Новиот член Стивен, од своја страна изјави дека му е чест што сега е дел од оваа група, шегувајќи се дека таа им била омилена на неговите родители, бидејќи тој е доста помлад од членовите на „Ил Диво“.

Пејачите скопската публика ја пзодравија на македонски јазик, а кон крајот на концертот се развеа и македонското знаме, што предизвика бурен аплауз кај публиката, која топло ја поздрави секоја изведба на „Ил Диво“, а ги награди пејачите и со рози.

По првите побавни,емотивни балади, меѓу кои беше и изведбата на „Адаџото“ на Албинони, што членовите на нивниот оркестар прекрасно го отсвиреа, како и сите други нумери, ги слушнавме и евергините: „My Girl“, „Аin’t No Mountain High Enough“, „Un-Break My Heart (Regresa a mí)“, од репеертоарот на Тони Брекстон, „I Will Always Love You“ на Доли Партон, „Hallelujah“ на Леонард Коен, насловната песна од филмот „Титаник“ што ја пее Селин Дион – „My Heart Will Go On“, „Somewhere“ на познатиот американски композитор Леонард Бернштајн“ и за крај „Time to Say Goodbye“ (Con te partirò), што ја пее Андреа Бочели, која звучеше моќно отпеана од четворицата врвни пејачи, кои со своите гласови ја погалија околу две илјадната публика во салата, која задоволна си замина дома, потпевнувјаќи ги познатите рефрени на незаборавните светски евергрини.

М.Т.


0 views

Commentaires


bottom of page