top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концертот „Банда“ со флејтистката Илинка Велкова во Филхармонија

Утревечер, во 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот насловен „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и од Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

Илинка Велкова дебитираше со Македонската филхармонија на 16-годишна возраст со изведбата на Концертот за флејта од Моцарт. Во 1999, започна нејзиниот професионален ангажман како флејтист и пиколист во оркестарот на Македонската филхармонија. Како член на оркестарот, има соработувано со бројни светски диригенти и солисти како што се Владимир Ашкенази, Дорон Саломон, Кшиштоф Пендерецки, Јерухам Шаровски, Џулијан Рахлин… Покрај оркестарскиот ангажман, настапува солистички и со различни камерни состави, а има аудио и видеозапис за МРТВ.


0 views

Kommentare


bottom of page