top of page

Концерти на Наум Петрески во Битола, Охрид и во Скопје

По повод 35 години успешна кариера

По повод 35 години успешна музичка кариера на македонската и на балканската естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа „Авард промоушн“ во август ќе го промовираат новото цеде „Најдоброто од Наум“, кое содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола, Охрид и во Скопје. Ова ќе биде убава можност илјадниците обожаватели на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: „Има ли песна“, „Жал за Деспина“, „Оди ѕвездо“ и многу други песни, а на славеникот многу пријатели од естрадата, пејачи, актери и познати јавни личности како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј. Наум Петревски, чиј глас никого не го остава рамнодушен, не само во земјава туку и во регионот и секаде каде што гостувал, со големо задоволство, заедно со целиот тим што стои зад него, се подготвува за оваа јубилејна турнеја, која може да се нарече сребрен јубилеј со златни песни. Концертот во Битола ќе се одржи во Хераклеја на 4 август, а на 11 август ќе настапи на сцената „Долни сарај“ во Охрид.


 
 
 

Comments


bottom of page