top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерти на „Кантон6“ и Глигор Кондовски во кафе-книжарницата „Буква“ во рамките на проектот „Џез во

Концерти на „Кантон6“ и Глигор Кондовски во кафе-книжарницата „Буква“ во рамките на проектот „Џез во Центарот“ Овој петок, 21 јули, во рамките на проектот „Џез во центарот“, во кафе-книжарница „Буква“, со концерт во живо ќе настапат реномираните домашни автори и изведувачи, бендот „Кантон6“ и Глигор Кондовски, музичари што соработуваат и издаваат за дискографската куќа „ПМГ рекордингс/ПМГ џез“. „Џез во центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските центарски катчиња, оние места што секојдневно ги одминуваме брзајќи некаде. Прекрасни скопски исечоци, полни со вибрантен дух и скриена убавина, вредна за внимание. Ова лето, во соработка со Општина Центар, музички го мапираме јадрото на урбаниот градски центар, простор совршен за пријатни средби, летни дискусии и секако уживање во музика. Простор блокиран од напуштени кина, недовршени цркви и амбициозни паркинзи. Простор кој има потенцијал за развој. Кафе-книжарницата „Буква“ се наоѓа токму таму, зад киното „Култура“, црквата „Св. Константин и Елена“, паркингот на Собранието и поранешниот Дом на АРМ. Простор со автентична атмосфера, свратилиште на многубројни уметници, студенти, креативци и граѓани заинтересирани за разни културни содржини. Токму во овој простор со концертите на „Кантон6“ и Глигор Кондовски, проектот „Џез во центарот“ ја доближува до граѓаните квалитетната џез, етно и современа музика од домашни музичари. Проектот се реализира од здружението за развој на музичката култура, „ПМГ рекордингс 2.0“, со поддршка на Општина Центар. „Кантон6“ е пионерски музички проект, кој датира од 2000 година, предвесник на инди-техно-рок-кросоверот во земјата, развиен од Мирко Попов и Синиша Евтимов. Со многубројни сингл и ЕП-изданија и 4 студиски албуми во овој состав, „Кантон6“ се трансформира во вистинска лајв-електроатракција. Од 2019 година „Кантон6“ активно работи како трио во соработка со џез-музичарот Владан Дробицки. Со впечатлив настап во живо, „Кантон6“ како електро-џез-етносостав создава современа музика инспирирана од автохтониот македонски ритам. Истата година соработува со „Гербрудер Теихман“ од Берлин, со кој издава албум во живо – Interactive Music Lab (Skopje Session). Во 2021 година го издава својот последен студиски албум #Jazzus. „Кантон6“ има активна концертна активност во земјата и надвор со настапи на „Катовице џез-арт фестивал“ (Полска), фестивалот „Диес“ (Le festival DIÈSE) во Дижон (Франција), интернационалниот „Џез-фест“ во Крагуевац (Србија), „Карусел фестивалот за амбиентална и етномузика“ во Чачак (Србија), „Зеленковац џез-фест“ (Босна и Херцеговина), прилепскиот „Џез-фестивал“, „ПМГ рекордингс фестивал“, „ДирмОн фестивал“ во Струга, „Аларма панк џез-фестивалот“ во Софија (Бугарија), „Здраво, млади“ во Скопје и др. Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ-сценарио, кој денес работи како професор по виолина. Покрај успешната педагошка работа, во портфолиото на Кондовски се запишани шест албуми со амбиентална џез-музика и многубројни претставувања во земјата и регионот со музички композиции, кратки и документарни филмови. Зад себе има три музички изданија (албуми) за „ПМГ џез“, еден соло и два во соработка со колегите автори и изведувачи Владан Дробицки, Марија Каева и Дени Омерагиќ. Покрај музичкото творештво, Кондовски има реализирано и три самостојни изложби. Влезот е бесплатен.




1 view

Comments


bottom of page