Концерт со солистите од Националната опера и Балет во рамките на фестивалот Денови на македонска музика
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2024
- 1 min read
12.04.2024 April Petok
Вечерва, со почеток во 20 часот, во Националната опера и Балет ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и Балет во рамките на фестивалот 47. Денови на македонската музика 2024.
На концертот публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето на Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.
Како солисти на концертот ќе настапат Весна Ѓиновска-Илкова – сопран, Наде Талевска – сопран, Гонца Богоромова – сопран и Горан Начевски – баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Влезот за концертот е слободен.
Comments