top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерт со виолинистките Кондратенко и Богоевска во Филхармонија

Updated: Oct 21, 2021

20.10.2021 Oktomvri Sreda

Во Филхармонија на 21 октомври во 20 часот на програмата е концертот насловен „Контемплација со Перт и Шнитке“ на кој како солисти ќе настапат виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Кончерто гросо бр.1 од А.Шнитке, Трисагион од А.Перт и „Малата Данелиада“ од Г.Канчели.

Кондратенко работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестарот на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.

Богоевска е родена 1999 година во Скопје. Почнува да изучува виолина на седумгодишна возраст во класата на проф. Анна Кондратенко. На 16-годишна возраст се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како најмлад студент во државата, на отсекот за виолина во класата на проф.Олег Кондратенко, и во 2020 дипломира со највисок просек – 10. Добитник е на многу државни и меѓународни награди.



4 views

Комментарии


bottom of page