Концерт на „Трио Јонген“ од Хрватска во Музејот на македонската борба
- Aleksandar Santovski
- Jul 19, 2021
- 1 min read
19.07.2021 Juli Ponedelnik
Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“, во Музејот на македонската борба на 19 јули со почеток во 20:30 часот концерт ќе одржи “Трио Јонген“ од Хрватска.
Триото Јонген го сочинуваат: Рената Пенезиќ – флејта, Жарко Перишиќ – фагот и Марина Матолиќ – пијано.
Триото е единствениот ансамбл на овие простори кој го негува транспарентното филигранско разиграно свирење музика во вистинскиот дух на француската школа за дувачки инструменти. Виртуози на своите инструменти, солисти во оркестри и професори на Музичката академија во Загреб ги соединија вештините и љубовта кон заемното свирење музика со цел да ѝ го претстават на публиката овој интересен спој на инструментите и боите.
Концертот ќе се одржи согласно протоколите за спречување на ширење на КОВИД-19.

Comments