Концерт на трио „Принчипеле“ во Камерната сала на Филхармонија
Во вторник , на 1 ноември, во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, концерт ќе одржи трио „Принчипеле“. На програмата се Голдберг варијации BWV 988 од Јохан Себастијан Бах, Квартет за обоа, виолина, виола и виолончело КВ 370 од Волфганг Амадеус Моцарт и Трио за виолина, виола, виолончело од Жан Крас.Во трио „Принчипеле“ свират виолинистката Ана Кондратенко, виолинистот Марко Виденовиќ и виолончелистот Паскал Краповски. Како гостин на концертот ќе настапи обоистот Владимир Лазаревски. Ана Кондратенко е родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Таа е победник на многубројни серуски и меѓународни натпревари, меѓу кои се Ерденко и Мравински во Русија и Ј.Ниман во Германија. Пред две години, основаквартет „Филхармонија“ од членови на оркестарот на Македонската филхармонија со кои остварува настапи на домашни и на меѓународни фестивали. Моментно, работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестар на F.A.M.E.‘S Project во Скопје. Марко Виденовиќ е роден е во 1980 година во Крушевац, Србија. Свој удел како композитор и аранжер имал во филмовите „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“, како и комплетен автор на музиката што ја изведува „Мјузик прогресив квартет“. Паскал Краповски својот уметнички израз активно го презентира на концертните подиуми низ Македонија и во странство. Професионалниот ангажман како водач-виолончелист при Македонската филхармонија му овозможува активно да се занимава и со камерното музицирање како член на триото „Парнасус“ и на Music Progressive Quartet. Покрај изведувачката дејност, активно се занимава со педагошка и со истражувачка дејност. Владимир Лазаревски е роден е во 1979 година. Добитник е и на државни награди за обоа и камерна музика. Вработен е како прв обоист во Македонската филхармонија, а е ангажиран и како вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од неговото формирање во 2007 година. Исто така, член е на камерниот квартет „Мјузик прогресив“, на ансамбалот за современа музика „Контемпора“ и симфонискиот оркестар за филмска музика F.A.M.E.’S. Свири на сопствена обоа „Лаубин“, изработена од ружино дрво од легендарниот американски мајстор за обои Пол Лаубин.
Comentarios