top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерт на „Танец“ на Скопско лето

Updated: Jul 13, 2021

12.07.2021 Juli Ponedelnik

Концертот „Мелем песна“ на хорот и оркестарот на „Танец“ е дел од новата сезона на ансамблот, симболично наречена „Враќање“, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на отпочнувањето на новиот сценски живот по пандемискиот застој. Овој концерт во рамките на фестивалот „Скопско лето“ е петти во низата концерти на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови – Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец“ ќе ја започне и втора серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите“, на фестивалите во Струмица, Охрид и Битола. Вокално-инструменталниот концерт со наслов „Мелем песна“ на „Танец“ на Скопско лето ќе се одржи овој петок на 16 јули 2021 во 20 часот, во Сули Ан. Танец е првиот професионален фолклорен ансамбл во Република Северна Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционалните песни и игри, народните носии и инструменти и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. „Танец“, чие име го симболизира македонскиот народен танц (оро), е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави – без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. Танец ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, Оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа. Во текот на своите 72 години од своето постоење, Танец има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполни концертни сали во Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн и многу други, велат организаторите.


2 views

Comments


bottom of page