top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерт на „Танец“ и Влатко Стефановски на 5 ноември во НОБ

27.10.2021 Oktomvri Sreda

Во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“, на 5 ноември, во НОБ, ќе се одржи концертниот спектакл насловен „Танец и Влатко“, со почеток во 20 часот.

Националниот ансамбл „Танец“ повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Ја освојува публиката со својата професионалност и совршениот изведувачки израз, со кој автентично се афирмира сета убавина на нашето фолклорно наследство.

Влатко Стефановски е стар пријател на „Танец“, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Соработките со националниот ансамбл секогаш ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, но и за македонската музичка култура во целост. Но иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на „Танец“, се неизоставен дел од неговите изведби, Влатко, освен повремените еднократни настапи, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот.

– Конечно дојде и тој момент кога овие два бренда ќе ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист Дамир Имери. Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужува и достојна концертна промоција, која ќе се случи токму на годинешната манифестација „Есенски музички свечености“ – велат организаторите на концертот, кој ќе се одвива според сите епидемиолошки протоколи.


4 views

Comments


bottom of page