top of page
Search

Концерт на „Танец“ во Центарот за култура во Кичево

01.04.2022 April Petok

Во Центарот за култура во Кичево вечер концерт ќе одржи националниот ансамбл „Танец“. На програмата се повеќе игри, ора и песни од сите делови на земјава, а концертот ќе биде отворен со Поречките игри во кореографија на Тодор Јованов, по што играорците ќе го изведат Ајдучко оро.

– Народните песни „Лено-Јелено“ и „Димитрија,деј,гиди,џанам“ ќе бидат во изведба на машката вокална група и оркестарот. Ансамблот Танец ќе ги изведе кореографските постановки Копачија и Малешевка, додека Сузана Спасовска ќе ја исполни народната песна „Бај Никола“, истакна Маја Николоска- Сиљаноска, портпаролка на Центарот за култура.

Женската вокална група и оркестарот ќе ги изведат народните песни „Задремала,џанам, млада невеста“,„Седна лудо да вечера“, а во завршницата на програмата ќе бидат изведени Гермијанско оро, кореографските постановки Сред село и Драчевка и оркестарскиот сплет „Разигран Танец“.


1 view
bottom of page