top of page

Концерт на “Пламенка Трајковска – гудачки квартет“ во Демир Хисар

“Пламенка Трајковска – гудачки квартет“ ќе реализира концерт на 14 ноември во 19 часот во Дом на култура Илинден во Демир Хисар.

Концертот е со наслов “Блесок“ и на програмата се класични, како и македонски традиционални композиции во кросовер. Концертот е со модерни елементи, музичка подлога и ритам, кореографија, и видео проекција.

На концертот покрај Пламенка Трајковска на виолина ќе настапат и Сандра Крстевска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави годинава реализираа уште два концерти во Струмица и Крива Паланка а Пламенка Трајковска го реализираше и проектот Ехо – спој на звуци од природата во кањонот Матка, електронска музика и соло виолина.

Главната идеја на Пламенка Трајковска – мали камерни состави е доближување на класичната музика до најшироката публика и последните години доближување на класичната музика до децата. Изминатиот период тие реализираа многу концерти за деца како концертите Што е тоа … гудачки квартет, Музика и цртан филм, Музика и танц. Пламенка Трајковска го објави единственото ЦД со класична музика за деца “Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс во аранжман за виолина и пијано.

Досега малите камерни состави реализирале бројни концерти кај нас на најважните манифестации Скопско лето, Бит фест, Петровденски ракувања, Велешко културно лето и многу други манифестации.

Концертот “Блесок“ се реализира со помош на Министерството за култура.


 
 
 

Comments


bottom of page