Search
Концерт на оркестарот на Филхармонија со врвната саксофонистка Фатејева
- Aleksandar Santovski
- Jan 16, 2023
- 1 min read
На 20 јануари, со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Ава“ на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите саксофонистки во класичната музика – Асја Фатејева од Крим/Германија. На програмата се дела од Дебиси, Шостакович, а за првпат ќе прозвучи и Концертот за саксофон и оркестар од авангардниот холандски композитор Јакоб Тер Велдхаус. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Следете го нервот што пулсира! Билетите се достапни и можат да се резервираат на тел: 02 / 3238 182 и да се купат на билетарницата на Филхармонија.

Comments