top of page
Search

Концерт на неверојатната Грејс Џонс на 6 јули во Скопје Грејс Џонс пристига на 5 јули – ќе остане во Скопје три дена фото и видео

05.07.2024 Juli Petok

Скопје и цела Македонија со нетрпение го очекуваат концертот на Грејс Џонс (75) на Стадионот на АРМ на 6 јули, кој организаторот „Авалон“ го најавува како 90- минутен музички и визуелен спектакл. Пејачката, актерка и манекенка од Јамајка ќе настапи во рамките на музичкиот фестивал „Скопје колинг“, а фотографирањето ќе биде дозволено само на првите три песни. 

Grace и нејзинoто tour party, сочинето од 30- тина луѓе, пристигнуваат во Скопје во петок, на 5  ти јули. Додека останатите заминуваат веднаш после концертот, Grace Jones oстанува во Скопје цели 3 дена, после што ја продолжува својата летна турнеја во Лондон.

„Кога се нејзините барања и рајдер во прашање – oд изборот на вино, шампањ и морска храна, до техничките спецификации за звук и светло, слободно можеме да кажеме дека се работи за најспецифичниот и најдетален рајдер кој сме го имале досега“, велат од Авалон. 

Grace Jones е една од најекстравагантните и најоригинални појави во современата поп-култура,  позната по нумерите  Некои од нив се ‘Musical mastermind, ‘Amazing Grace’, ‘Timeless’, ‘Art aristocrat’, ‘True diva’, ‘Goddess of Rhythm’, ‘Pop culture icon’, ‘Fashion Icon’, ‘Vamp Woman’…La vie en rose , а покрај сето тоа, таа е и Super Model и Movie Star“…

Откако прво се пробила како манекенка, Џонс ја почнала музичката кариера во 1977, станувајќи една од најпрепознатливите личности на њујоршката диско сцена, за подоцна да ги прошири своите музички интереси кон реге, поп и фанк. Своите најуспешни албуми ги објави во 1980-тите, меѓу кои се истакнуваат „Nightclubbing“ и „Slave to the Rhythm“.

Џонс паралелно градеше и актерска кариера, па глумеше и во „Поглед на убиство“ заедно со Роџер Мур  од серијалот за Џејмс Бонд.Грејс Џонс, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња ќе има концерт, на 6 јули, во Скопје, на стадионот на АРМ, објави „Авалон продукција“.

Од „Авалон“ најавуваат 90 минутно спектакуларноо шоу на Џонс, која доаѓа со нејзиниот многуброен бенд.

Сите информации околу влезниците ќе бидат објавени утре, на 30. јануари,  на социјални мрежи.

Грејс Џонс, покрај музичката има и филмска кариера и е топ-модел. Безвременски се нејзините  „Musical mastermind”, „Amazing Grace, „Timeless”, „Art aristocrat”, „True diva”, „Goddess of Rhythm”, „Pop culture icon”, „Fashion Icon” „Vamp Woman”…Веројатно не постои светски артист на оваа планет, освен, се разбира, Дејвид Боуви кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Грејс Џонс, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња. Некои од нив се: музички мастермајнд, икона на поп културата, вамп жена, вистинска дива, модна икона….Од друга страна, еднаш некој рече: Не е работата што Грејс Џонс е пред Мадона, Лејди Гага, Ријана и Бијонсе, работата е што таа се’ уште е сите три во едно”. И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди – во реалноста, а не само вербално и имагинарно – велат од „Авалон“.





















4 views

Comments


bottom of page