top of page
Search

Концерт на Митан и Андријана Јаневска, насловен „Македонски рози” во Крива Паланка

04.07.2024 Juli Cetvrtok

На Градскиот Плоштад во Крива Паланка, денеска со почеток во 20:00 часот, ќе можете да уживате во концертот на Митан и Андријана Јаневска, насловен „Македонски рози”.

Митан проект е музичко-вокален состав во кој членуваат еминентни музичари од Македонија. Групата постои од 2007 година и нејзин основач е Мите Димовски. Првиот албум со наслов „Македонски рози“ го издаваат 2008 година и претставува вистинско освежување на музичката сцена во Македонија.

Стилот на музиката која го преферира овој состав е етно-џез надополнет со врвна инструментална подлога и секако со гласот на Андријана Јаневска.

Настанот е во рамките на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата.



2 views

Comments


bottom of page