Search
Концерт на камерното дуо „Екс Македоникум“ во Музејот на македонската борба
- Aleksandar Santovski
- Sep 9, 2022
- 1 min read
Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ на 10 септември, со почеток од 20:20 часот, ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба.
На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Ф. Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Р. Шуман, како и „Медитација“ од Ж. Масне.
Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски, на виолончело и Димитар Ганчевски, на пијано.
После успешниот концерт на 5 септември, во Домот на културата во Гевгелија, дуото продолжува со настап и во Скопје.
Влезот за концертот е слободен.

Comentários