top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“

07.2024 Noemvri Cetvrtok

Концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“ се одржа вчера во салата на Филхармонијата, на кој прозвучеа дела од Б. Илин, Д. Шостакович, Моцарт… Камерниот оркестар „Скопски солисти“ на македонската музичка сцена се појави во 2000 година. Оваа благородна и убава идеја, по примерот на загрепските, софиските и други слични оркестри на Балканот, ја реализира нашиот реномиран обоист Васил Атанасов, кој наедно е и уметнички раководител на ансамблот.

Оркестарот е формиран од група афирмирани и признаени македонски уметници, на кои им се придружија група млади но мошне талентирани музичари. Интенцијата на овој ансамбл е да презентира камерна музика, од барок до современа музичка литература, со истакнато чувство и респект кон македонското музичко творештво. „Скопски солисти“ досега соработувале со најпознатите македонски репродуктивни уметници, како: Борис Трајанов – баритон, Весна Гиновска-Илкова – сопран, Благој Нацоски – тенор, Васил Атанасов – обоа, Славица Галиќ-Петровска – сопран, Љубиша Кировски – виолина, Ана и Олег Кондратенко – виолина, Марија Муратовска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Катерина Стојановска – сопран, Михајло Куфојанакис – виолина и др. Настапуваат на значајни манифестации и фестивали во земјата и во странство, како Бугарија, Србија итн., а музичката критика досегашните настапи ги оценува со суперлативи.

За јубилејот десет години, во 2011 година го издадоа својот прв компакт-диск со изведби во живо од своите настапи, потоа во 2013 година го промовираа вториот носач на звук, како самостојно издание. Наградувани се со огромни аплаузи и овации и во земјава и во странство и оценети се со блескави рецензии за нивните настапи. Во 2020 година со јубилејот 40 години на „Скопско лето“ се совпадна и дваесет години соработка на фестивалот со „Скопски солисти“.


0 views

Comentarios


bottom of page