top of page

Концерт на Женскиот хор „Про арс“ во рамки на Деновите на македонската музика

Updated: Apr 12, 2022

11.04.2022 April Ponedelnik

Во рамки на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ вечерва во Фоајето на Националната опера и балет (20 часот) ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации.

Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ понуди можност да ги проследи креациите на хорски дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Томе Прошев, Димче Николески, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Јане Коџабашија, Томе Манчев и Гоце Гавриловски.

Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран во 2011 година од страна диригентот Сашо Татарчевски, по негово повеќегодишно делување во сферата на хорската уметност и анализа, како ансамбл кој професионално и пред сѐ квалитетно би одговорил на потребите на музичката сцена во земјава.

Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје, работејќи со Драган Шуплевски, Фимчо Муратовски и Саша Николовски. Посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Интерфест“, „Скопско лето“ и многу други, има настапувано и освоено награди со повеќе ансамбли во голем број европски земји.


 
 
 

Comments


bottom of page