Search
Концерт на евергрини како дел од проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ во паркот „Ибни Пајко“/ФОТО
Со концерт вечерва во 21 часот започна официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ во паркот Ибни Пајко во Скопје, по повод одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес.
Скопјани имаа прилика да уживаат во настапите на Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрен кои ги изведуваа познатите единствени македонски евергрини.
Министерството за култура покрај концертот, во рамки на проектот организираше низа културни настани со кои се приклучи кон одбележување на јубилејни 60 години од катастрофата и одржување на вечниот спомен.
Comments