top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерт на дуото „Скупи“ со преработка на стари македонски песни

21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok

Познатото музичко дуо „Скупи“ кое го сочинуваат флејтистката Јета Старова Мехмети и виолинистот Ермаљ Мехмети денес повторно ќе музицира пред гевгеличани во малата сала на Народниот театар каде овој пат пред љубителите на класичната музика ќе се претстават со концерт на класична музика.

Концертот на присутните ќе им понуди богат репертоар од преработени стари македонски песни и ора како што се „Сношти сакав да ти дојдам“, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Се посврши ербез Донка“, „Јано мори“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушкото оро“ и уште неколку кои секогаш ја пленат публиката.

Сите композиции што ќе бидат изведени на концертот во Гевгелија се преработени, аранжирани и напишани од Ермаљ Мехмети, според старите македонски песни. Влезот на концертот ќе биде слободен, а настанот е поддржан од Министерството за култура.


2 views

Comments


bottom of page