top of page

Концерт на дуото Кировски во Гевгелија

Updated: Nov 12, 2021

11.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Пред гевгелиската музичка публика со концерт вечерва ќе се претстави познатото дуо што го сочинуваат Љубиша Кировски на виолина и виола и Маја Шутевска Кировска на пијано кои најавија изведба на дела од Виетан, Бете Илин, Сај и Фролов.

Богатиот репертоар на дуото Кировски опфаќа повеќе од 50 сонати за виолина и пијано кои од формирањето во 1993 година па наваму, се изведувани на бројни настапи во земјава и странство. Посебно го негува македонското музичко творештво и редовно изведува дела од наши композитори од кои голем број се посветени на дуото.

Добитници се на многу признанија и награди меѓу кои и „Виртуози“ за најдобар камерен ансамбл во земјата и наградата „Георги Божиков“ за континуирана изведба на дела од домашни композитори.

Концертот ќе се одржи во салата на Народниот театар во Гевгелија со почеток во 18 часот.



 
 
 

Comments


bottom of page