Концерт на дувачкото трио обои, Чанаќевиќ, Николовска и Лазаревски во Кавадарци
Како дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ утревечер со почеток во 19 часот дувачкото три обои во состав. Маја Чанаќевиќ, Марина Николовска и Владимир Лазаревски ќе одржат концерт кој е подржан од Министерството за култура на Македонија.
Од биографиите на овие исклучителни талентирани македонски уметници со богато музичко образование издвојуваме дека Маја Чанаќевиќ своето музичко образование го оформува во средното музичко училиште, потоа на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде дипломира во класата ан професорката Гордана Јосифова Неделковска. Веднаш потоа ги завршува и постдипломските студии по културен менаџмент, програма раководена од професори од државниот универзитет во Аризона САД. Магистрира во областа на музичката уметност во класата на проф. д-р Владимир Лазаревски.
Марина Николовска и Маја Чанаќевиќ
Марина Николовска е кавадарчанка која своето музичко образование го започнува во основното музичко училиште во Кавадарци во класата на професорката Силвана Чулева Атанасова.Образованието го продолжува на средното училиште во Скопје на инструментот обоа во класата на професорката Гордана Јосифова Неделковска во чија класа и дипломира на факултетот за музичка уметност со највисока оцена а во 2011 година и магистрира.
Владимир Лазаревски
Владимир Лазаревски студира инструмент обоа на националната музичка академија во Софија кај професорот Георги Желјазов, каде што дипломира и магистрира во 2003 година. Една година подоцна Владимир добива целосна стипендија од музичката академија „Лонџи“ во Бостон, САД, каде заминува да се усовршува како обоист и камерен музичар. Таму учи во класите на професорите Вејн Рејпиер и Марк Мек Еван , врвни обоисти во оркестарот на Бостонската филхармонија каде ги заокружува своите постдипломски студии во 2006 година. Во периодот од 2007-2009 година успешно ги завршуца студиите по програмата на Универзитетот „Курт Бош“ од Сион, Швајцарија и се здобива со звањето МБА – Магистер по бизнис администрација а во февруари 2013 година успешно ја брани својата докторска дисертација на националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија и се здоби со титулата доктор на музички науки и музичка уметност од областна на камерната музика и обоа. Ми.М.
Comments