Концерт на Дац и Александар на „Велешко лето 2021“
23.07.2021 Juli Petok
Во рамките на програмата на „Велешко лето 2021“, што го организира Општина Велес, вечерва во 20:30 часот на сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк концерт ќе одржат Дац и Александар. Влезот е бесплатен, а на концерот се одржува согласно протоколите за Ковид-19 и држаење на растојание меѓу публиката.
Во рамки на „Велешкоот лето“ на 17 април свој концерт имаше и велешката женска група „The Chiks“ насловен „Боите на љубовта. Ова беше прв концерт во Велес по пауза од година и полвина од почетокот на пандемијата и воедно беше и прв концерт во живо по пауза од две години на оваа се по популарна велешка женска група. Наместо предвидениот еден час, на барање на бројната публиката од сите возрасти концертот траеше два часа.
По вечерашниот концерт, в сабота во 21 часот концерт ќе имаат и „Zima blue“.
Во рамките на програмата за месец јули на 27 јули во 12 часот во Ликовниот салон во Велес ќе има и Ликовна изложба на дела од ликовната колонија „Неготино 2020“.
Инаку годинашната програма на „Велешко лето 2021“ започна со годишниот концерт на Балетското студио „Анабела“, а потоа се одржа и концерт дуото пијанистки Гацева и Џорлева.
Потоа имаше и Поетска вечер што ја организира Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ со учество на поети од Струмица, Кочани, Штип, Охрид, Прилеп и Велес.
コメント