Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ – Скопје вечер во Дом на АРМ
Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ – Скопје, вечер во Домот на Армијата ќе одржи концерт по повод Денот на сесловенските просветители. На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и народниот оркестар.
Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Посочуваат дека седум децении се подвижен музеј на непроценливото македонско богатство, кое претставува историја и идентитет на македонскиот народ.
АКУД „Мирче Ацев“ е формиран од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фоолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонскотоо хорско пеење со цел да го презентира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културата.
Comments