top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Концерт како завршница на Годината на Конески

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

Во Филхармонијата, вечерва, во 19 часот, ќе се одржи завршната манифестација со која ќе биде заокружено чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. Оркестарот на Филхармонијата ќе изведе концерт инспириран од творештвото на Блаже Конески, во чии рамки ќе бидат интерпретирани делата „Молитва“ од Тодор Скаловски и „Записи“ од Томислав Зографски. Оркестрацијата е на Ангел Спировски, баритон – Горан Начевски.

Во фоајето на Филхармонијата, присутните ќе можат да ја проследат и изложбата на илустрации пристигнати на конкурсот објавен од Факултетот за ликовни уметности за изработка на јубилејната книга „Блаже Конески поезија и кратка проза“, во издание на „Струшките вечери на поезијата“.

Иницијативата за Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ ја започнаа Министерството за култура и Министерството за образование и наука, а за меѓународните активности се вклучи и Министерството за надворешни работи. Програмата, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, се реализираше во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство.


2 views

Comments


bottom of page