top of page
Search

Концерт и мултимедијален перформанс на Кеско во МКЦ

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Долгоочекуваниот втор албум на македонскиот продуцент на електронска музика – Кеско, ќе биде издаден на 7 април со концертна промоција во МКЦ – Скопје. Албумот го покажува уникатниот начин на кој Кеско ги поврзува електронската, експерименталната, breakbeat и drum and base-музиката, велат од МКЦ. Голема инспирација се великаните како The Prodigy, Chemical brothers, транс и техномузиката. Настапот ќе биде во живо и ќе биде исполнет со талентиран тим на уметници од повеќе сфери. Поддршка со свој DJ сет има од DJ Flooder и младиот продуцент Kronom. Светлата и визуелниот дел од шоуто се препуштени на Мутер и артистот artist3dx, кој изведува посебни инсталации за настапот во живо. Младата уметничка Тања Кеско зазема дел од визуелното шоу со нејзините уметнички дела. Се очекува целосно мултимедијално патување на кое ќе треба да се препуштат присутните. Вратите се отвораат во 22.22 часот, а настанот почнува во 23 часот. Влезниците може да ги набавите во билетарницата на МКЦ или на нивата веб-страница.


 
 

Comments


bottom of page