Контроверзниот светски број еден од 1998. година: Федерер и Ѓоковиќ не се интересни за гледање
Марсело Риос за многумина е еден од најконтровезните тенисери кои се појавиле во Опен ерата, а таквиот статус го оправдува и самиот Чилеанец со изјавите кои знае повремено да ги даде во јавноста.
Риос и ден денеска важи за единствениот тенисер кој бил прв на АТП листата без притоа да освои ниту еден грен слем турнир во кариерата, но како човек кој важеше за личност која сака да се забавува на теренот, сега вели дека никогаш не сакал да ги гледа Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Чилеанецот смета дека тие двајца не се доволно атрактивни за публиката, па предност им даде на проблематични тенисери како Ник Кирјос и Фабио Фоњини кои знаат да направат хаос на теренот.
– Федерер за мене не е играч кој сакате да го гледате и за кој ќе кажете „видете колку е забавен“. Ми се допаѓа стилот на кој игра, тоа го прави со леснотија, но тој не е Кирјос или Фоњини. Тие се поинтересни, знаат да направат хаос и тоа е поинтересно.
– Исто така, мора да напоменам дека не глеам ништо забавно и кај Ѓоковиќ кога ќе излезе на теренот, тој исто така не е интересен, – додава Риос.
Comments