Search
Контроверзниот Грин намести судир на играчи на Феникс и ги налути домашните фанови
Натпреварот меѓу Голден Стејт и Феникс донесе неколку технички грешки на двете страни поради постојаните провокации меѓу кошаркарите и забелешките за судиските одлуки.
На крајот домаќинот славеше убедливо, а фановите на Феникс беа испровоцирани и од еден неспортски потег на Дрејмонд Грин.
Контроверзниот член на „воините“ го оттурна Џон Ландејл во неговиот соиграч Камерон Џонсон, по што вториот помина полошо и незгодно падна на теренот.
Грин само го потврди својот статус во НБА лигата, а голем број фанови бараат построга казна за играчот кој предизвика скандал и на тренинг на својата екипа, удирајќи го Џордан Пул.
Comments