Конте: Топ 4 пласманот на Тотенхем под мое водство беше чудо
14.02.2024 Februari Sreda
Антонио Конте смета дека постигнал одличен успех на клупата на Тотенхем, екипа чии навивачи со години се сведоци на пост во однос на освојување на трофеи.
Италијанецот го презема Тотенхем на осмото место, а успеа до крајот на сезоната да му обезбеди Топ 4 пласман на лондонскиот тим, по што оваа екипа играше во Лигата на шампионите.
– Со сите проблеми со кои се соочиме, тој пласман беше вистинско чудо.
– Но, не го прославувавме како да е чудо, затоа што јас сум навикнат да победувам.
– За мене е навистина чудно да се прославува четврто место и обезбеден пласман во ЛШ, па затоа по последниот дуел со Норвич, го собрав стручниот штаб и им порачав на сите соработници да не се учат да прославуваат вакви резултати, – открива Конте.
Италијанскиот стручњак замина од клубот кратко по елиминацијата во осминафиналето на ЛШ следната сезона, а пред се откако ги нарече фудбалерите „себични“.
– Кога нешто кажувам јавно, тоа значи дека се работи за нешто што навистина се случува. Не жалам за ништо, а имам и позитивен впечаток од мојот престој во Тотенхем, – рекол Конте.
Comments