top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Конте покажа големина и во тренерскиот штаб го вклучи човекот кој беше избришан од Нуно

Кога Нуно Еспирито Санто пристигна во Тотенхем на почетокот на оваа сезона се реши во својот тренерски состав да не го вклучи, 30 годишниот Рајан Мејсон кој дотогаш ја вршеше должноста тренер по заминувањето на Жозе Мурињо.

Мејсон кој поради повреди на мозокот мораше да ја прекине играчката кариера го пече тренерскиот занает во Тотенхем каде беше тренер во младинскиот погон пред да му биде дадена можност, макар и на привремен период да го води првиот тим на „петлите“.

По пристигнувањето на Нуно и по негово инсистирање, Мејсон беше вратен како тренер на младинците, а Португалецот со себе си донесе нови помошници.

За разлика од некогашниот тренер на Вулверхемптон, новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте го врати во тренерскиот тим 30 годишниот Мејсон кој цела недела ги држеше тренинзите на клубот.

Мејсон сега ќе работи како тренер на првиот тим на Тотенхем и ќе му помага на Антонио Конте кој со себе донесе пет нови членови на стручниот штаб.


3 views

Comments


bottom of page