Конте по шесте засилувања кои ги доби во неполни два месеци: Имам една цел
Тотенхем вчера го потврди шестото засилување во овој летен преоден рок, што беше само уште една потврда дека газдата Даниел Леви е подготвен да му ги исполни сите желби на менаџерот.
Антонио Конте ги доби Перишиќ, Форстер, Бисума, Ришарлисон, Ленгле и десниот бек Спенс, па неговиот тим се очекува да биде уште поконкурентен од тоа што беше во вториот дел од сезоната, кога всушност „петлите“ воодушевија и се изборија за место во Лигата на шампионите.
Италијанецот направи чудо откако го презема тимот во месец ноември минатата година, но самиот вели дека неговиот план се заснова само на едно, а тоа е Тотенхем да се претвори во тим од кој ќе стравуваат и најсилните ривали.
– Тука има многу силни тимови. Ливерпул, Манчестер Сити, Челси. Челси минатата година ја освои Лигата на шампионите, потоа и Светското клупско првенство. Не го заборавајте и Манчестер Јунајтед, тие се силни, а тука е и Арсенал кој трошо многу пари на трансфер пазарот.
– Не чека тешка сезона, возбудлива сезона, но мора да се натераме да се подобриме. Мојата цел е да бидеме конкуренти. Мојата цел е јасна, да се натпреваруваме против секој тим, секој тим да гледа на Тотенхем како грижа плус и да има малку страв од нас, – вели Конте.
Comments