Конте: Нема шанси да го потцениме следниот противник во Серија А
01.11.2024 Noemvri Petok
Наполи влезе во страшен натпреварувачки ритам по почетниот пораз во Серија А и нанижа девет меча без пораз, период во кој забележа дури осум победи и само едно реми (она против Јувентус).
Покрај триумфите над помалите екипи, тимот на Антонио Конте се покажа одлични и во дерби дуелите против Јувентус и Милан, а победата над „росонерите“ пред неколку дена доаѓа како ветер во грб за она што следи.
Наполитанците на домашен терен ќе го пречекаат тимот кој предизвика офанзивна мини-револуција во италијанскиот фудбал, односно составот на Џанпјеро Гасперини кој исто така е во фантастична форма со четири победи во низа.
– Ни следи огромна опасност во Серија А, Аталанта е многу силен тим. Станува збор за екипа која ја освои титуалта во Лига Европа, тим кој ја прекина непобедливоста на Баер Леверкузен. Тие се дел од Лигата на шампионите со години наназад и тоа е благодарение на Гасперини.
– Нема шанси да ги потцениме на натпреварот кој следи во недела. Ако се погледне тоа што се случи минатата сезона, Аталанта е таа што може да не потцени нас. Сите продолжувате да ми велите дека имаме предност што не играме во Европа, но јас гледам на тоа како недостаток бидејќи немаме доволно широк состав, – изјави Конте.
Comments