top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Конте за најавеното заминување од Тотенхем: Јас сум искрена личност…

Италијанскиот стратег Антонио Конте беше премногу разочаран по поразот на неговата екипа од Барнли, резултат кој дојде само неколку дена по големиот триумф на клубот од северен Лондон над актуелниот лидер и шампион Манчестер Сити.

Конте отворено го искажа своето незадоволство и ја отвори вратата за заминување од Тотенхем, но тоа нема да се случи и тој останува на сегашната позиција по разговорот што го имал со првиот човек Даниел Леви.

-Разговарав со Леви. Не ми се допаѓа што некои сакаат да прават проблем меѓу мене и клубот без основа. Нашиот претседател многу добро знае дека јас сум тука да му помогнам на клубот. Ќе го правам тоа до крај. Тој секој ден ми покажува голема почит и затоа сум максимално посветен на овој клуб, -рече Италијанецот и додаде:

-Кога ќе загубам натпревар не сакам да одам на вечера. Јас сум перфекционист, можеби тоа е проблемот. Кога губам, не сум среќен. Но, тоа ми помогна да имам успех во кариерата. Во тие моменти сакам да бидам сам. Ми треба еден ден да се опоравам. Јас сум таков. Не сакам да губам, тоа е нешто што најмногу го мразам во мојот живот. Тоа е мојот менталитет. Не можам да се смеам после пораз. Жал ми е што ви покажав колку сум разочаран. Но, јас сум искрен човек, тешко ми е да лажам или да ја прикривам вистината, -порача Конте пред лигашкиот меч со Лидс Јунајтед.


3 views

Comments


bottom of page