Конте: Донесов животна одлука, но ќе биде тешко за сите кога ќе се вратам на клупата
Антонио Конте го прекина молкот и даде изјава за италијанските медиуми после поврзаноста со клупата на Наполи, клуб кој реши да го одбие и покрај примамливата понуда да го замени Руди Гарсија.
Италијанскиот стручњак е решен да одмори од фудбалот и да му се посвети на семејството, а особено на својата ќерка која смета дека го заслужува сето негово внимание во овој момент.
– Донесов одлука да му се посветам на семејството, сакам да имам повеќе време за нив. Но, истовремено ги следам промените во спортот и ги гледам новите ситуации.
– Видов дека излегоа вести за мојата иднина, но решив дека е време за мене и мојата ќерка која расте. Донесов животна одлука, мојот животен стил е поврзан само со неа.
– Кога ќе завршам со оваа фаза, ќе бидам подготвен да влезам во борба против сите. Кога ќе се вратам, ќе им биде навистина тешко на сите, – најавува Конте.
Comments