top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Конте го „поздрави“ Артета: Претерува со „плачење“ за судиите

Updated: May 16, 2022

16.05.2022 Maj Ponedelnik

Тотенхем победи на лондонското дерби со Арсенал и останува во трката за четвртото место на премиерлигашката табела, односно пласман во Лигата на шампионите.

Микел Артета имаше многу замерки за судиите кои му исклучија фудбалер на Арсенал уште во првиот дел, но неговиот колега Конте смета дека претерува со реакциите.

– Мислам дека се жали пречесто, треба повеќе да се фокусира на својата работа и на својот тим.

– Тој е добар тренер и треба да продолжи да работи напорно, не е убаво кога слушате дека некој се жали постојано.

– Во Ливерпул во саботата дали ме слушнавте да се жалам на Фабињо и сите тие прекршоци? Не. Може да го прифати мојот совет, а ако не сака не ми е гајле.

– Мора да биде помирен и да продолжи со работа, не звучи добро кога постојано наоѓате некакви замерки, – изјавил Конте.

На две кола до крајот Арсенал има бод предност во однос на Тотенхем.


3 views

Comments


bottom of page