top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Констракта на „Егзит“ со светска премиера на „Триптих“

Најбараното музичко име на Балканот, Ана Ѓуриќ алијас Констракта, која ќе ја претставува Србија на годинашниот „Евросонг“, ќе ја круниса годишната програма на фестивалот „Егзит“, каде што ќе настапи на 10 јули, со светска премиера на мултимедијален перформанс. Со овој концерт, на кој нејзиниот препознатлив музички белег ќе биде надграден со виџејство и кореографии, Констракта им се придружува на големите светски имиња, меѓу кои се Калвин Харис, Ник Кејв, Иги Азалеа, Џејмс Артур и многу други.

– На „Егзит“ сум била и како посетителка, и како дел од „Мистејк Мистејк“ и „Земља грува“, и како водителка една година, а оваа година сум на главната бина како Констракта, така што се гледаме – порачува Ана. Иако изгледа дека нејзиниот успех се случи прекуноќ, Ана Ѓуриќ на музичката сцена е веќе 20 години, а ова е моментот кога нејзината генијалност доаѓа до полн израз. Српската музичарка со атипичниот звук на песната „In Corpore Sano“, со која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“, не престанува да ги воодушевува и публиката и медиумите во регионот и пошироко.

На оние што претходно не ја следеа нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и зачуденост над нејзиното творештво. „In corpore sano“ е дел од проектот „Триптих“, чиј дел се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. „Триптих“, освен општествено ангажираната порака, носи и визуелен концепт, кој исто така го осмисли Ана Ѓуриќ, заедно со Маја Узелац и Ана Родиќ.


2 views

Comentários


bottom of page